Новиот премиум модел на „Samsung“, „Galaxy S6“ наиде на исклучителен интерес од страна на корисниците. Нешто повеќе, моделот со заоблени краеви веќе беше исцрпен на многу од пазарите, на кои е достапен за продажба.
Како секое нешто, сепак и овој паметен телефон не е совршен.
Постојат само три проблеми: батеријата не е заменлива, немаат слот за проширување на меморијата и не се отпорни на вода и прашина.
Се разбира, сериозен проблем за некои корисници може да е и високата цена на двете верзии. Практиката покажува дека три месеци по појавувањето на моделот во продажба цената му паѓа за помеѓу 10 и 20%.
И додека последните два проблема би можеле да се проголтаат од корисниците, проблемот со батеријата може да е доста проблематичен. По многу барања, од „Samsung“ определија каква ќе биде цената за замена на батеријата во овластените сервиси на компанијата.
На прво место, корисниците треба да знаат дека батеријата е со гаранција од една година и таа ќе биде бесплатно заменета, ако е неисправна, или во рамките на првата година од користењето на смартфонот загуби 20% од својот живот.
По истекот на гарантниот период замената на неисправна батерија ќе се наплати 45 долари. Ова е далеку пониска цена во споредба со бараните 79 долари за замена на батеријата на конкурентските „iPhone“ модели на „Apple“.