Ако сте тип на човек кој секогаш го губи својот телефон, сега навистина е лесно да го пронајдете повторно – ако имате Андроид.
Благодарение на новата надградба од Google, сѐ што треба да направите е да внесете „find my phone“ во Google Search, и тоа ќе ви покаже каде е вашиот телефон со изненадувачка точност. Исто така може да направи вашиот телефон да ѕвони, ако сеуште не можете да дознаете каде точно е вашиот телефон.
Ние го тестиравме и во најголем дел работи, но мора да бидете сигурни дека поставките на вашиот телефон за локација се овозможени. Функцијата за ѕвонење на телефонот нема да работи доколку вашиот телефон е поставен на вибрирање, иако Google вели дека би требало да ѕвони со „целосен звук“.
Кога ќе ја користите „find my phone“ функцијата, на вашиот телефон ќе се прикаже известување.
Google веќе подолг период ви овозможува да го лоцирате вашиот телефон преку „Android device manager page“.
Пробајте ја оваа функција на www.google.com.