Погледнете како ќе изгледа новата YouTube апликација за мобилни телефони.
Се подготвува голем редизајн на мобилната верзија на YouTube сервисот, кој ќе се појави за Android и iOS платформите со нови апликации. Редизајнот е речиси готов, што се потврдува со сликите кои што можете да ги видите во продолжение и наскоро ќе биде достапен на корисниците на овие два система.
Целта со новиот дизајн е вниманието на корисникот во целост да биде префрлен на пуштање на видео содржини и негово што подолго „конзумирање“, како би се максимално подобрила „монетизацијата“ на YouTube.
Нажалост, Windows Phone корисниците нема да добијат YouTube апликација ни со овој редизајн.