Кинеската компанија „Turing Robotic Industries“ го промовираше својот мобилен телефон кој е направен во чест на британскиот математичар Alan Turing, кој беше тема на филмот The Imitation Game.
Рамката на уредот е изработена од нешто кое компанијата го нарекува течен морфиум (luquid morphium), за кој тврди дека е метал поцврст од челик или титаниум. Алуминиумски, керамичќи и пластични материјали исто така се дел од куќиштето на телефонот, со што тој би требало да биде еден од најцврстите на пазарот.
Големината на екранот е 5,5 инчи со FullHD резолуција, додека во внатрешноста се наоѓа quad-core Snapdragon 801 процесор, надополнет со 2GB RAM и простор за складирање на податоци од 64GB или 128GB.
Камерата на задната страна е со резолуција од 13 мегапиксели, додека пак предната камера е со резолуција од 8 мегапиксели.
Телефонот работи на Android 5.0 Lollipop, поседува поддршка за 4G LTE мрежа, а продажбата ќе започне на 9-ти јули, по цена од 740 долари за верзијата со 64GB и 870 долари за верзијата со 128GB.