Дел од корисниците кои веќе го користат новиот „Samsung Galaxy S6“ телефонски уред се пожалиле дека смартфонот има голем проблем со опцијата за брзо полнење на батеријата која го оштетува сензорот акселометар за одредување на позицијата и тоа го пореметува ротирањето на дисплејот.
Брзото полнење го оптоварува хардверот на Samsung Galaxy S6 и најверојатно станува збор за фабричка грешка па многумина добиле замена на оштетените уреди.
Се препорачува додека Samsung не лансира софтверска надградба која ќе го надмине овој проблем да ја полните батеријата на вообичаениот начин и да го избегнувате режимот на “брзо полнење“.
Инаку уредот доаѓа со помала батерија со капацитет од 2600 mAh и тој компромис беше свесно направен за да се добие потенко и поздржливо тело, па затоа беше додаден и методот на брзо полнење.