Документите на американската „Национална сигурносна агенција“ кои го открија целокупниот план датираат од 2011 и 2012 година, а нив ги открил Едвард Сноуден.
Американската „Национална сигурносна агенција“ имала план да во потполност преземе контрола над „Google Play“ и „Samsung“ маркетите со апликации. Тоа на „НСА“ агенцијата би и овозможило да испрати некој опасен вирус на корисниците.
Планот на оваа американска агенција бил да се пресретне интернет врската помеѓу телефонот и маркетот со апликации, а потоа на одредени уреди да се испрати специјално дизајнирана програма.
Тоа на шпионите би им овозможило тајно собирање на податоците, како и испраќање на дезинформации и лажна пропаганда. Секако, „НСА“ на овој начин би имал пристап до контактите без потешкотии, локација на корисниците и останати приватни податоци.
Документите кои го открија овој план датираат од 2011 и 2012 година, но не е познато дали овој план некогаш оживеал. За објавување на овие документи исто така е заслужен Едвард Сноуден.