Цените на новите модели на iPhone 6s и iPhone 6s Plus нема да бидат ниту покачени ниту пак, намелени, а исто така ќе биде понудена меморија со капацитет од 16, 64 и 128 GB.
Најевтиниот модел iPhone 6s со 16 GB меморија ќе чини 199 долари со склучен двегодишен договор или околу 699 евра, додека пак најскапиот iPhone 6s Plus со 128 GB меморија ќе чини 459 долари со склучен договор и околу 999 евра со отклучена SIM картичка.
iPhone 6s и iPhone 6s Plus во Европа ќе пристигнат кон крајот на септември.