Откако во прв план поминаа претстојните смартфони од најпознатите компании на СМК 2016, доаѓа ред на производителите да ги покажат и останатите иновации.
Можеби еден од најинтересните предлози во врска со ова е новата „Супер ВООК“ технологија за полнење на Опо која ветува дека ќе го поврати целосниот капацитет на батеријата на вашиот смартфон за само 15 минути.
Тоа е прилично импресивно тврдење од страна на кинеската компанија, имајќи предвид дека „Квик Чарџ 3.0“ на Куалком може да ја наполни батеријата од 0 до 80 проценти за „цели“ 35 минути. Опо тврди дека создала нов алгоритам, кој успева да задржи максимално ниска температура на апаратот за време на полнењето.
Ниско волтажниот механизам на полнење е сосема безбеден, ветува производителот.
„Супер ВООК“ работи како со микроУСБ, така и со УСБ тип-Ц порти и бара кабел, адаптер и конектор.
За жал во моментов технологијата е ограничена само до батерии од 2500 милиампер часови и телефони на Опо.