Смартфоните и другите гаџети се неразделен дел од секое летување, бидејќи од нив мора да се објави статус на Facebook или пак некоја фотка од плажа на Instagram. Сепак смартфоните и сличните уреди се многу осетливи на вода, топлина и прашина…
1. Користете водоотпорна футрола
Меѓу најпрактичните заштити за смартфоните се пластичните водоотпорни вреќички кои го чуваат смартфонот од прскање, а поквалитетните модели можат да заштитат и од несакано потопување во вода. Доколку не може да ги најдете низ продавниците во Македонија тие се лесно достапни на АлиЕкспрес по добра цена. Покрај смартфонот во ваквите вреќички може да се чуваат и парите, фотоапартот и другите вредни работи. Повеќето од нив овозможуваат користење на телефонот со мокри раце, без да го вадите од футролата.
2. Чувајте го подалеку од песокот
Песокот и прашината можат серозно да му наштетат на телефонот, односно да го изгребат или пак да блокираат некоја од неговите функции. Немојте да го „фрлите“ во торбата заедно со другите летни реквизити и мокри пешкири или пак да го оставате на лежалката врз која често поминувате и на која има ситни камчиња песок. Ако веќе немате заштитна торбичка, ставете го во некој од посебните прегради или џебови.
3. Чувајте го од водата и потта
Солена вода, крема за сончање или пак потта од телото – се тоа може да заврши на вашиот уред ако не сте внимателни, а освен што ќе го извалка може да го наруши функционирањето на екранот. Внимавајте да не го допирате смартфонот кога не ви се чисти рацете или пак носете влажни марамчиња со себе за добро да ги исчистите рацете.
4. Чувајте го на ладно
Сите електронски уреди се загреваат при користење, па ако ги оставите на сонце тоа може дополнително да им ја отежни работата и да доведе до прегревање. Високата температура може трајно да ја оштети батеријата. Трудете се да го користите кога сте под сенка и исклучете ги сите апликации освен оние што ги користите во моментот.