Компанијата „Meccano“ која е позната по создавањето на роботи произведе два нови роботи кои купувачите ќе можат самите да ги склопат по купувањето на потребните делови.
Еден од нив е роботот Meccanoid G15KS, висок 121 сантиметри, кој работи на два мотори и има способности за имитирање на вашите движења и глас.
Не станува збор за некоја врвна вештачка интелигенција, но овие роботи се навистина забавни за игра. Станува збор за едноставен робот кој може и децата над 10 години да го користат.
Корисникот со Bluetooth може да се поврзе преку својот паметен телефон со роботот, кој ги имитира неговите движења во реално време.