Научниците од универзитетот во Корнели изработиле модел на теоретско вонземско суштество, кое би можело да живее на Титан, најголемиот сателит на Сатурн.
Научниците пресметале дека на Титан, кој е оддалечен милијарда ипол километри од Сонцето би можел да егзистира организам базиран на метан, кој не содржи кислород, а кој има способност за репродукција во споредба со животинските видови на Земјата.
И покрај тоа што Титан има атмосфера,сепак ниските температури кои владеат не претставуваат погодна околина за животот каков што ние го познаваме. Но, истражувачите од Корнели, ја поставиле теоријата според која има доволно достапни елементи за животот на Титан.
Но, зошто баш Титан го одбрале за живеалиште на вонземски суштества? Затоа што се работи за едно познато вселенско тело, освен Земјата, на кое постојат региони со стабилни течности.