Во Норвешка „FM“ радиото ќе престане да постои на крајот на 2017-та година. Тоа ќе и овозможи на земјата да ја комплетира транзицијата на дигиталното радио.
„Digital Audio Broadcasting“ на слушателите ќе им овозможи повеќе канали отколку претходно. Во Норвешка веќе сега 56 проценти од слушателите на радио користат дигитален сигнал.
– Станува збор за важен ден за сите кои го сакаат радиото. Одлуката на министерот ни овозможува ресурсите да ги користиме за тоа што нам ни е најважно, т.е. да креираме разновидна и квалитетна радио содржина – вели Тор Гјермунд Ериксен, шеф на норвешката радиодифузна корпорација.