Смогот е еден од најголемите проблеми во воздухот во големите урбани средини. Сепак напредната технологија има решение и за овој проблем.
Системот вграден во кула во Ротердам, Холандија докажува дека има начин да се влијае на ова, со нова иновативна технологија, што користи обновлива енергија.
Интерактивниот уметник Дан Росегард направи амбициозен проект кој конечно стана рееалност – кула со вградена технологија што го прочистува воздухот од смог. Имено, кулата употребува јонска технологија за да ја изгради оваа огромна „правосмукалка за смог“.
Кулата е висока седум метри, и во еден час чисти 30 метри квардатни смог. Употребува енергија колку и болјер за вода, а истата ја црпи од обновливи извори на енергија.