Австралиски научници спуштиле подводна камера низ дупка кон дното на океанот и го снимиле необичниот подводен свет.
Подводен робот снимил ретки и неверојатни подводни снимки на Антарктикот кои откриваат шарен подводен свет полн со алги, морски сунѓери, морски ѕвезди… Видео е направено со помош на камера која ја спуштиле низ дупка во мразот за да земат податоци за морската вода во таа област.
Глен Џонстоун, еден од научниците вели дека обично, кога станува збор за Антарктикот, обично зборуваме за животот на површина, а овие снимки покажуваат дека и под мразот се наоѓа динамична средина на морскиот живот. Овие видови цела година живеат во морската вода чија температура не надминува -1 степен, а 10 месеци во годината се покриени со мраз кој е дебел метар и половина.
Како што наведуваат научниците, токму таа дебела покривка од мраз ги чува овие подморски видови од уништување, но и од опасностите кои демнат од површината како што се смртоносните снежни бури.