Факт е дека вселената еден ден “ќе умре” или пак ќе помине низ многу големи промени, но кога точно ќе се случи тоа – со сигурност никој не може да каже.
Всушност самото надгледување на галаксиите и ѕвездите покажува дека ширењето на вселената се забрзува, а ако оваа брзина остане константна, ѕвездите во одреден момент ќе згаснат и вселената со тоа ќе се излади.
Според друга претпоставка, со ширењето на вселената ќе се зголеми и количеството на таканаречената темна енергија, и тоа до момент кога ќе се распадне простор-временскиот континуум, а вселената во тој миг едноставно ќе престане да постои. Токму тоа сценарио според прогнозите на научниците би можело да се случи за 22 милијарди години.
Дијего Саез – Гомез од Универзитетот во Лисабон заедно со своите колеги разгледал неколку сценарија за конечниот “крај на светот”.
Научниците ги истражувале галаксиите во непосредна близина и откриле дека овој момент најрано би можел да се случи за отприлика 2.8 милијарди години.
Со оглед на тоа дека нашето Сонце би требало да има енергија за уште околу пет милијарди години, научниците велат дека би претставувало вистинско изненадување кога вселената би дошла до својот “крај” пред овој период.