Моменталната опсесија на вселенските програми е со Марс, што е оправдано имајќи предвид дека црвената планета е далеку попристапна за остварување истражувања или човечки населби на неа.
HAVOC(High Altitude Venus Operational Concept) e вселенско летало кое треба да лебди во орбита околу Венера. Ова тоа треба да го оствари со полнење на балон со хелиум кој ќе овозможи ова летало да лебди на висина од 50 километри над површината на Венера.
Венера, како што знаеме не е баш најпријателското место за луѓето и за човековата опрема и најмногу што некоја сонда има преживеано е околу два часа. На нејзината површина постојано има бури, а атмосферскиот притисок е 92 пати поголем од тој на Земјата.
Идејата на НАСА е нешто налик на Вселенската станица МИР – постапно испраќање на астронаути во орбита околу Венера кои на крајот ќе оформат постојано место за живеење т.е. вселенски град. На далечината од 50 км од површината гравитацијата ќе биде малку помала, но не и неиздржлива за луѓето, помагајќи да не се случуваат типичните нус-ефекти на нулта гравитација – распад на коските и мускулите.
Воедно овој „град“ може да биде точка за поттик на развитокот на технологијата за населување на Марс.
Останува да видиме како ќе се оствари оваа замисла на НАСА и дали ќе ја претрка колонизацијата на Марс.