На секоја девојка, сексот и е многу важен. Особено важен дел од сексот е секако предиграта. Ако во тие моменти, девојката не се опушти, таа нема да може да ужива во сексот како што и двајцата партнери би сакале.
Свесни сме дека секоја девојка, сексот различно го доживува, но за да имате совршена предигра и да уживате во сексот избегнувајте:
ПОВТОРУВАЊЕ
Најчесто мажите не ги знаат тајните за жените. Мислат дека штом еднаш успеале да ја запалат девојката, таа постојано ќе се пали на тоа. Тоа е најчесто грешка. Девојките не сакаат таква да им биде секоја предигра. Како и мажите, сакаат да искусуваат нови работи. Затоа девојки, покажете им што се ве пали и возбудува. Така ќе го избегнете повторувањето.
ГРУБОСТ
Мажите можат многу брзо да се возбудат од жените. Кога се запалени, поголемиот број од нив сакаат малку погруби допири и бакнежи. Затоа, тие секогаш се водат по себе и мислат дека и девојката го сака истото. Затоа девојки, започнете нежно и вие водете ја играта. Дајте му до знаење дека не сакате да биде груб со вас.
ВРТЕЊЕ БРАДАВИЦИ
Секогаш постојат исклучоци, но многу девојки не сакаат кога партнерот им ги врти брадавиците. Доколку партнерот го прави тоа, објаснете му дека повеќе ве возбудува кога ги лиже, вшмукува или нежно си игра со брадавиците. Верувајте дека ќе направат се за да ве задоволат. Само треба да им кажете што да направите.
АГРЕСИВЕН ОРАЛЕН СЕКС
Многу жени немаат никаков проблем со уживање во сексот и доживување оргазам. Но, кога станува збор за орален оргазам, тие се многу скептични. Не се срамете, експериментирајте. Доколку партнерот ве гребе со брадата, ве гризе по вагината и клиторисот, прекинете го и кажете му дека треба нежно да постапува со вас. Како што вие можете да бидете нежна со неговиот пенис, така и тој треба со вашата вагина. Но, секако доколку не ве привлекува оралниот секс, не мора да го применувате.
РУТИНА
Оние парови, кои долго време се познаваат, се ослободиле од срамежливоста. Знаат што и како сакаат, но со текот на времето предиграта како и сексот може да станат здодевни. Затоа експериментирајте. Правете работи кои другарките ви ги кажувале, сте ги прочитале во некое списание или пак сте ги гледнале во некој филм.