Голем број девојки од разни причини не сакаат да експериментираат со аналниот секс. Причината за тоа лежи во погрешната визија за самиот чин.
Но, со неколку техники и малку поголема слобода, аналниот секс може да стане подеднакво пријатен како останатите типови секс.
Треба да знаете дека анусот, многу слично на вагината, содржи голем број нервни завршетоци. Неговото стимулирање е подеднакво пријатно и ветува еднакви шанси за постигнување оргазам.
Ова се најголемите 3 мита поврзани за аналниот секс, кој досега ве одвлекуваа да пробате.
Анусот е извор на бактерии
Уште како мали не учеле дека не смееме да се допираме за задникот и задолжително да ги миеме рацете по одење во тоалет. Оттука во нашите глави се создала претстава дека анусот е највалканиот дел од нашето тело, од проста причина што оттаму излегува изметот.
Вагината не е ништо почиста од анусот, и таа мириса ако не ја миете. Што значи, клучот лежи во вашите хигиенски навики. Како и вагината, така и анусот има своја природна бактерија. За да спречите евентуални инфекции, не смеете да ставате нешто во вагината што претходно било во анусот.
Аналниот секс е болен за жените
Ако чувствувате болки во текот на аналниот секс, тогаш нешто не правите како што треба. Пред сè за анален секс задолжителна е употребата на лубриканти. Анусот не произведува природна влажност како вагината.
Најважно од сè е да бидете отпуштена. Зошто? Анусот е таков орган што се затвора кога нешто се обидува да влезе во него. Тоа е вид прстен кој сам се затвора. Затоа мора да бидете максимално релаксирани за сексот да може да се одвива бавно.
Аналниот секс е наменет само за хомосексуалците
Ова е сосема погрешно верување. Аналниот секс е достапен за сите луѓе без разлика на нивната сексуална определба. Ако вашиот партнер ви предложи да имате анален сексуален однос, не значи дека е или станал хомосексуалец.
Тоа со што треба да се заморувате е колку ваквиот секс е пријатен за вас или не. Ако сте расположена да ги откриете неговите тајни, бидете трпелива бидејќи потребно е време за да се приспособите и да ги совладате техниките. Ако не ви се допаѓа, не форсирајте се.