Сите луѓе понекогаш поминуваат низ период во кој се прашуваат дали некогаш ќе пронајдат љубов. Луѓето кои со години биле сами му дадоа совети на еден млад човек за тоа како да пронајде љубов…
Немаат сите среќа да најдат искрена љубов уште при првото барање. Некои луѓе со години се сами, па одеднаш се наоѓаат себеси во врска. Која е нивната тајна и како го прекинале тој самечки живот? Ова е прашање кое еден млад дечко го поставил на социјалната мрежа Редит, поттикнат од чувството на осаменост и предизвикал интересна дискусија.
За многу кратко време, неговата тема која била означена со тагот „само сериозни одговори“, била преполна со одговори од луѓе кои некогаш биле како него.
Пренесуваме дел од одговорите:
„Немој да се преоптоваруваш со тоа дека моментално си сам. Немој да форсираш врска со погрешна личност само затоа што се чувствуваш осамено. Немој да размислуваш за секоја личност која ќе ја сретнеш како за потенцијален партнер/ка. А дури и ако ја зезнеш работата, немој да престанеш да веруваш. Јас ги направив сите можни грешки, но на крај сепак излезе добро.“
„Откажи се! Сериозно. Едноставно престани да бараш и позанимавај се самиот со себе. Почни да одиш во теретана, оди на предавања, почни да се занимаваш со некое хоби. Кога си задоволен самиот со себе, кога си исполнет, имаш некоја аура која ги привлекува другите луѓе.“
„Немој опсесивно да ги романтизираш врските. Ако само сакаш да „бидеш со некоја“, тогаш личноста со која си станува безначајна, а тој или таа тоа бргу ќе го сфатат. Запамти дека е важно да уживаш во тоа што е посебно и вредно во врската со таа личност, а не е важна врската сама по себе, каква и да била.“
„Почесто вели „да“. Знам дека звучи апсурдно, но откако го изгледав филмот „Yes Man“, почнав почесто да излегувам со пријателите и познаниците. Ако не го променев моето однесување, никогаш немаше да ја прифатам поканата за скара кај пријателот, каде ја запознав девојката за која сите велеа дека е идеална за мене и најверојатно денес немаше да бидам оженет за неа.“
„Немој да форсираш нешто за коешто си свесен дека не го чувствуваш и дека не е вистинско. Причекај додека не запознаеш некоја без која не можеш да ја замислиш иднината и тогаш вложи труд во врската.“
„Се трудев подобро да изгледам и вежбав во теретана. На факултет почнав да одам на предавања за меѓучовечка комуникација. Ги обновив своите интереси за различни хобија. На крај, во еден миг се најдов на еден излет со 5 девојки и денес едната од нив е моја девојка.“
„Немој толку да се трудиш. Некое време фокусирај се на себе и обиди се да создадеш нови пријателства. Изреката „Ќе се случи кога најмалку ќе очекуваш“ кај мене излезе вистинита.“
„Ако не си доволен самиот на себе, нема да бидеш целосен ниту ако си со девојка.“
„Зборувај со луѓето. Не можеш да запознаеш некоја посебна девојка ако не запознаваш нови луѓе.“
„Работи на себе. Размислувај што те спречува во создавање на интимни врски со луѓето и работи на тоа. Ако си депресивен, побарај помош. Ако си срамежлив, обиди се да најдеш некоја организирана активност која ќе те стави во позиција да мораш да комуницираш со повеќе луѓе.“
„Излези во клуб, во кафуле или бар, посети некое фенси место. Излези и направи нешто што никогаш не си направил. Никогаш не знаеш кого ќе запознаеш.“