Жените се многу комплицирани суштества и многу нешта можат да и го раструрат расположението,а со самото тоа и самодовербата.Овие ситници ке ви ја вратат насмевката на лицето и сите во вас ке ја видат фаталната дама.Сигурно ви се има случено некој или нешто да ви го расипе денот и да го изгубите вашиот препознатлив шарм.Еве што треба да сторите во таа ситуација:
кога разговарате на мобилен телефон зборувајте потивко бидејки е докажано дека личноста што ни е блиска или ја сакаме секогаш разговараме со потивок и подлабок глас.Во тој случај звучите уште поприманливо.
Во секојдневното пазарење на производи одете без гакички.Тоа ке ви даде чувство дека сте неверојатно секси и ке ви ја врати самодовербата.
Патецот на косата префрлете го на другата страна,сите на работа ке ве гледаат и ке ви ласкаат под друг впечаток отколку во вообичаен ден.
Кога седите исправете ги градите и прекрстете ги нозете,како секоја привлечна жена.
Кога ке се разбудите од спиење немојте веднаш да станувате од креветот,останете уште неколку минути во прекривките и меките јастуци и уживајте.
Кога се шминкате бидете голи,докажано е дека кога жената се чувствува убаво во сопствената кожа има подобар сексуален живот.