Секое машко посакува да слушне неколку реченици од својата партнерка и верувајте дека веднаш ќе ја забележите насмевката на неговото лице.
Престанете да смислувате начини за тоа што како треба да направите и кога ќе имате шанса, предложете му го следното…
„Навистина е во ред. Не треба да ми објаснуваш”
Доколку го фатите со кармин на кошулата кој не е од вас, секако имате право да ви дадат објаснување, но доколку касни на состанокот не треба да му се качите на глава, особено ако целиот ден му е катастрофа.
Верувајте дека ако го оставите лесно да помине, подоцна самиот ќе дојде со објаснување.
„Ми треба твоето мислење”
Кога ќе побарате негово мислење, му покажувате дека ве интересира тоа што има тој да ви каже околу некој одреден проблем. Затоа ќе се чувствуваат почестени што ќе можат да ви помогнат на некаков начин, околу некоја ваша дилема.
Секако тоа не треба да биде од типот на „Што мислиш за оваа комбинација? Добро ќе ми стои или да облечам нешто друго?”
Момците сакаат да слушаат за вистински проблеми. Облеката за вечерното излегување не го гледаат како вистински проблем.
„Каде го научи тоа?”
Секое машко сака да биде прв во нешто. Доколку не ви е прв партнер, ќе му биде убаво да знае дека барем во нешто друго е прв и дека на друг начин знае како да ве задоволи.
Ако ви се допаѓа, со задоволство ќе го повторуваат тоа секогаш кога ќе посакате.
„Ќе се обидам”
Нема ништо подобро од тоа девојките да се отворени за нови предизвици, без разлика дали тоа ќе биде во креветот или пак на некое друго поле од врската.
Тоа им покажува на вашите партнери дека сте доволно самоуверена да му ја покажете и онаа страна од вас каде се чувствувате пријатно во сопствената кожа.