Тоа што партнерот понекогаш не комуницира со вас не треба да го сфатите лично, а сите ваши жалби дека ви зјапаат во градите паѓаат во вода бидејќи носите длабоко деколте!
Постојат правила кои мажите посакуваат да им се познати на нивните партнерки. Ние ѕирнавме во машкиот свет и откривме кои нешта се корисни да ги знаете!
Мажите велат…
- Залудно се обидувате да не убедите дека парите не ви се важни во животот.
- Не не обвинувајте бидејќи не знаеме да ве усреќиме. Често пати сакаме, но не знаеме како да го сториме тоа.
- Земете воздух за да и ние дојдеме до збор.
- Блузонот кој го носиме седум дена во неделата е доказ на нашата лојалност кон омилениот фудбалски тим или омилениот алкохолен пијалак.
- Нематe прво да се лутите кога зјапаме во вашите гради кога носите екстремно отворено деколте.
- Се вртиме на згодните девојки кои поминуваат на улица затоа што сме мажи и затоа што сме живи. Едноставно го користиме сетилото за вид максимално.
- Не очекувајте дека нашата љубов може да ги реши вашите лични проблеми. Целулитот, лошото расположение и долгот на картичката ќе останат само ваши и ќе мора сами да се справувате со нив!
- Доколку сакате да ја забележиме промената на вашата должина или нијанса на коса предупредете не дека ќе одите на фризер, а и подоцна потсетете не дека што туку сте вратени од таму.
- Вашите книги за самопомош не прават нервозни. Исто како и вашиот поход во шопинг три пати во неделата.
- Понекогаш имаме потреба да вегетираме, а комуникацијата со вас е меѓу последните нешта кои ги посакуваме. Не сфаќајте го тоа лично.
- Вашите солзи ги сфаќаме како уцена, односно побрз начин да стигнете до посакуваното.
- Научете да се справувате со даската на вц школката. Ако е крената – спуштете ја.
- Имате премногу облека и чевли, а нас не гледате попреку за секое испиено пиво или уплатено ливче во обложувалница.
- Не сме способни да читаме мисли затоа се што сакате да знаеме кажете го јасно и гласно. За конкретните проблеми ќе побараме решение, а доколку барате утеха обратете се кај пријателките.
- Не секогаш мислиме на вас едноставно затоа што не сакаме нашиот автомобил да се почувствува запоставен.
- За годишнините благовремено потсетувајте не и тоа по неколку пати.
- Ако вашиот одговор гласи „ Се е во ред“ тогаш ние така ќе се однесуваме. Навистина немаме способност за читање и толкување на мисли.
- Нашите зборови од караницата пред шест месеци немаат легитимитет во денешните ваши обвинувања затоа не обвинувајте не за нешто што се случило многу одамна.
- Нема потреба од вашите инструкции затоа што и сами ќе се снајдеме.