Рендал Коен го претстави планот преку кој својот мозок ќе го пренесе во компјутер. Тој вели дека клучот е во мапирање на мозокот и сведување на неговите активности на пресметки, а потоа преведување на тие пресметки во код.
Сето тоа би требало да го овозможи SIM(Substrate – independent Mind) технологијата, односно „ум независен од подлогата“. Тоа не е вештачка интелегенција, туку човечки ум префрлен во компјутер.
Невролозите се 99.90% сигурни дека мозокот е механизам и ако можеме да протолкуваме како функционира, можеби ќе можеме да направиме замена за него, вели Коен.
Коен смета дека со помош на овој систем би можеле да населуваме други планети, дури и виртуелни. Тој дури започнал и организација наречена Carboncopies, која работи на технички и етички проблеми врзани со овој проект.
Човечкиот мозок е составен од 85 милијарди независни неврони од кои секој е поврзан со уште 10.000 други, преку аксоните и дендритите.