Не е тајна дека мажите лудуваат по глетката во која жената со музика сензуално ја соблекува облеката од себе. Со лесните движења при кои останува се помалку облека, мажите едноставно стануваат маѓепсани и љубопитни за она што следува потоа.
Многу машки фантазии започнуваат со стриптиз, а самото гледање во заводливите покрети и полуголото тело, може кај нив да предизвика моментална ерекција.
Возбуда и забава
Самиот поглед на секси разголени жене кај мажитее е доживување кое и им го буди либидото, а фактот дека тоа е нешто „забрането“, го прави стриптизот уште повозбудлив. Допирите во стриптиз клубовите се забранети, па затоа гледањето стриптиз создава дополнителна напнатост, бидејќи возбудата и желбата само се насобираат во мажите.
Остварување на скриените фантазии
На овој начин многу мажи ги доживуваат своите фантазии. Иако се можеби во долга и среќна врска, некои од нив сигурно фантазираат за згодни „Барбики“ кои ги гледаат по стриптиз клубовите. Бидејќи речиси сите мажи се водат по поговорката „да се гледа не е грев“, своите фантазии ги остваруваат гледајќи заводливи танцувања и секси девојки.
Врела атмосфера
Доколку некогаш си се запрашала зошто во филмовите бизнис договорите се склучуваат токму во стриптиз клубовите, одговорот е едноставен, тоа е добрата атмосфера. Мажите се чувствуваат среќни и опуштени во друштво на голи девојки. За нив стриптиз клубот е нешто како машки рај, сите се позитивни и добро расположени, а и не мора ниту да прашуваат, ниту да молат за да видат голо женско тело.