Пред целосно да одлепите по некоја девојка, обрнете внимание на нејзиното однесување за да не бидете на крајот повредени. Доколку едната страна е загреана, а другата седи на две столици, тоа е сигурен рецепт за пропаст.
Ова се знаците кои покажуваат дека таа само си игра со вас и ве доживува како резерва и занимација додека не најде нешто подобро.
Не ги почитува плановите
Сте се договориле да се видите, но таа во последен момент ви го откажува состанокот. Тоа секако дека може секому да се случи, но ако тоа постојано се повторува, тоа значи дека вие сте и џокер кој треба да се искористи кога нема ништо попаметно или поинтересно да прави. Ако не сте и приоритет на почетокот, тоа никогаш нема да бидете и во иднина.
Не се слика со вас
Има жени кои навистина не сакаат да се сликаат, но ако Фејсбукот и е полн со фотографии, тогаш е многу веројатно дека не сака да се слика со вас. Голема е веројатноста дека излегла од долга врска, па не сака околината да ја бомбардира со прашања за вас, затоа што и самата не е сигурна на што е со вас.
Ве крие од пријателите
Неколку месеци се сосема доволни за да запознаете некоја нејзина другарка. Ако тоа не се случува, можно е да не сте и важни.