Постои голема разлика помеѓу тоа да бидеш почитувана и посакувана жена. Вниманието е добра работа, ве прави да се чуствувате посебно. Тоа е моментално задоволство и секој го посакува.
Ве подигнува до небото, ви ја зголемува самодвербата и ве прави да се чуствувате добро во својата кожа. Но тоа е главната разлика во тоа дали некој те посакува или само те почитува.
Почитувањето е потешко: за него е потребно време. Потребно е време да се препознае и процени нечија вредност, да разбере некој зошто верува во она што верува. Да бидете почитувана жена и посакувана се две различни работи, но секогаш треба да се стремите да бидете она првото.
Можеби ви се допаѓаат моментите кога се чуствувате посакувано но тоа ништо во животот не значи доколку таа личност не ве почитува. Немојте да бидете со некого во врска, макар и пријател само поради тоа што има добар глас, е слаткоговорник и ве прави да се чуствувате на “седмо небо“. Ова е најголемата грешка на повеќето девојки и жени.
Доколку не ве почитува, без разлика колку и да ве посакувал, станува збор за пролазна емоција и без проблем при првиот конфликт може да ве навредува и претвори во “ѓубре“.
Нормално, секој сака да се чуствува посакувано, лесно е да бакнете непознато момче во клубот, лесно е пијана да донесете одлука, но тој момент кога следното утро ќе почуствувате дека тој човек воопшто не ве почитува и немате вредност за него… тоа е грозно. Тој само ве посакал и ја искористил шансата.
Затоа никогаш не дозволувајте мажите да го земат најдоброто од вас а потоа да ве остават како искористена крпа во хотелска соба. Без разлика некој колку и да те посакува во одреден момент, порано или подоцна таа негова желба ќе згасне и тој ќе исчезне од вашиот живот или пак нема да бира зборови кога разговара со вас.
Треба да се почитуваш самата себеси за да ја добиеш почитта од другите
Не е тешко да им влезеш во очите на мажите, но неговите зборови ништо не значат доколку тој не те почитува како личност и те гледа само како девојка со која би ја поминал ноќта.
Доколку си пуштила некоја личност во твојот живот која не те почитува, и го знаеш тоа, тогаш очигледно и ти самата не се почитуваш. Никогаш не треба да дозволиш на никого да те гази, да те искористува, да те навредува и да прави да се чуствуваш како будала, а следниот ден да се однесува со тебе како ништо да не се случувало.
Таква личност ќе го забележи твојот недостаток на самопочитување и постојано ќе те воведува во нови и нови грозни ситуации.
Затоа вложете во себе, самопочитувајте се и со текот на времето ќе ја сватите вашата вистинска вредност. Ќе започнете да се почитувате повеќе самата себеси а потоа ќе барате и соодветна почит од останатите.
Доколку некој нема почит, исфрли го веднаш од својот живот бидејќи вниманието кое го добиваш од таа личност не вреди ништо во споредба со маката и проблемите со која тој ќе го наплати тоа внимание.