Постои разлика помеѓу тоа да бидеш почитувана и посакувана жена

Спонзорирани линкови

Постои голема разлика помеѓу тоа да бидеш почитувана и посакувана жена.  Вниманието е добра работа, ве прави да се чуствувате посебно. Тоа е моментално задоволство и секој го посакува.

Ве подигнува до небото, ви ја зголемува самодвербата и ве прави да се чуствувате добро во својата кожа. Но тоа е главната разлика во тоа дали некој те посакува или само те почитува.

Почитувањето е потешко: за него е потребно време. Потребно е време да се препознае и процени нечија вредност, да разбере некој зошто верува во она што верува. Да бидете почитувана жена и посакувана се две различни работи, но секогаш треба да се стремите да бидете она првото.

Можеби ви се допаѓаат моментите кога се чуствувате посакувано но тоа ништо во животот не значи доколку таа личност не ве почитува.  Немојте да бидете со некого во врска, макар и пријател само поради тоа што има добар глас, е слаткоговорник и ве прави да се чуствувате на “седмо небо“. Ова е најголемата грешка на повеќето девојки и жени.

Доколку не ве почитува, без разлика колку и да ве посакувал, станува збор за пролазна емоција и без проблем при првиот конфликт може да ве навредува и претвори во “ѓубре“.

Нормално, секој сака да се чуствува посакувано, лесно е да бакнете непознато момче во клубот, лесно е пијана да донесете одлука, но тој момент кога следното утро ќе почуствувате дека тој човек воопшто не ве почитува и немате вредност за него… тоа е грозно. Тој само ве посакал и ја искористил шансата.

Затоа никогаш не дозволувајте мажите да го земат најдоброто од вас а потоа да ве остават како искористена крпа во хотелска соба. Без разлика некој колку и да те посакува во одреден момент, порано или подоцна таа негова желба ќе згасне и тој ќе исчезне од вашиот живот или пак нема да бира зборови кога разговара со вас.

Треба да се почитуваш самата себеси за да  ја добиеш почитта од другите

Не е тешко да им влезеш во очите на мажите, но неговите зборови ништо не значат доколку тој не те почитува како личност и те гледа само како девојка со која би ја поминал ноќта.

Доколку си пуштила некоја личност во твојот живот која не те почитува, и го знаеш тоа, тогаш очигледно и ти самата не се почитуваш. Никогаш не треба да дозволиш на никого да те гази, да те искористува, да те навредува и да прави да се чуствуваш како будала, а следниот ден да се однесува со тебе како ништо да не се случувало.

Таква личност ќе го забележи твојот недостаток на самопочитување и постојано ќе те воведува во нови и нови грозни ситуации.

Затоа вложете во себе, самопочитувајте се и со текот на времето ќе ја сватите вашата вистинска вредност. Ќе започнете да се почитувате повеќе самата себеси а потоа ќе барате и соодветна почит од останатите.

Доколку некој нема почит, исфрли го веднаш од својот живот бидејќи вниманието кое го добиваш од таа личност не вреди ништо во споредба со маката и проблемите со која тој ќе го наплати тоа внимание.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford