Ако сте во долга врска најверојатно мислите дека знаете се за својот партнер. Но, дали е навистина така?
Без оглед на тоа колку добра комуникација имате со вашиот партнер, секогаш постојат работи кои мажите не сакаат да им ги кажат на своите партнерки. Тоа најчесто се тајни кои генерално може да се поделат на физички и емотивни.
Мажите имаат потреба да бидат потребни
Мажите имаат потреба да ја импресионираат својата сопруга, одвреме навреме, затоа не брзајте кога работите нешто во што тој може да ви помогне. Прашајте за помош – вели Лоис Барт, советник за љубовни врски.
Мажите љубовта ја покажуваат со дела, не со зборови
Мажите не се директни во искажувањето на љубовта кон жените, а не знаат ниту пак да читаат мисли. Кажете им отворено и јасно што сакате, а кога следниот пат тој тоа ќе го направи на дело, покажете му дека сте воодушевени.
Ја сакаат модата – барем малку
Иако на тоа не даваа голема важност, мажите знаат да ценат доколку им даде совет во однос на тоа прашање. Но немојте да се обидувате да ја промените целата негова гардероба и да го направите топ модел, бидејќи така ќе мисли дека го губи својот авторитет, дека нема добар вкус и може да се навреди. Како и во се, мора да размислувате тактички.
Мажите можат да научат како да ги исполнат вашите желби
Никој, па ни вие не сте совршени. Но секој може да научи како да ги исполни туѓите очекувања. Размислете на што највеќе сакате да ви посветува внимание. Но чекајте го правиот момент. Кога на улица ќе ве фати за раката, кажете му колку многу го сакате кога така ви посветува внимание. На тој начин ќе му дадете до знаење дека уживате во тоа и да го прави почесто.
И тие имаат свои несигурности
Можеби го мачи пивскиот стомак, опаѓањето на косата или пак нешто трето, со оглед дека и мажите денес се изложени на притисоци и мора добро да изгледаат. Затоа покажете му дека е посакуван исто како и пред неколку години.
Мажите можат да работат повеќе домашни работи отоколку што може да претпоставите
Студиите покажуваат дека жените го потценуваат времето кое мажот го користи да помага околу домашните задачи. Како и да е, за да дојдете до тоа да ја делите работата на два идентични дела, седнете во вашиот дом и направете план. Одлучете кои се негови а кои ваши задачи, кој ќе ја уреди дневната а кој кујната.
Мажите сакаат спорт
Мажите се опуштаат додека гледаат спортски натпревари и навиваат за својот омилен тим. Станува збор за исто чувство кое вие го имате додека гледате омилена серија или ТВ шоу. Затоа почитувајте го неговиот избор.
Мажите слушаат селективно
Кога е во прашање конерзацијата, мажите и жените имаат различни интереси. Немој да се навредете доколку вашиот партнер не го запамтил најновиот трач за вашата колешка на работа. Сочувајте ги тие информации за некој кој ужива да ги слуша.